Скопски пазар во вторникот ја информираше јавноста дека престануваат со работа дел од продажните објекти кои оваа компанија ги имаше во главниот град.
„Ја известуваме јавноста дека Скопски пазар АД Скопје согласно определбите на Друштвото за изнаоѓање прифатливо деловно решение за состојбите во дејноста трговија, како и стратешката определба на менаџментот на Друштвото да се одбегнат можните ризици во дејноста трговија и да се обезбеди и унапреди деловниот капацитет на Друштвото во целина, има превземено конкретни активности за укинување на преостанатиот дел од регистрираните продружници на СКОПСКИ ПАЗАР АД Скопје кои обавуваат трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалоци и тутун„ се вели во соопштението објавено на нивната страна.
Според информацијата клуч на врата ќе биде ставено на следните подружници:
Истовремено од компанијата информираат дека во рамките на Секторот за трговија и угостителство, има регистрирано и организирано подружници ФРЕСКО за продажба на мало на храна - готвени јадења, бели пецива и сокови, кои и понатаму ќе ја развиваат трговијата на мало со храна и пијалоци.
„Скопски пазар АД Скопје останува и во иднина посветен кон својата деловна ориентација: Издавање на деловен простор, недвижности и пазари и трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалоци и тутун.“ - додаваат тие во соопштението.