Фото: Мостот „Беласица“ кај „Ист гејт“ целосно затворен

Мостот „Беласица“, кој измиативе месеци беше половично затворен – сега е целосно затворен за сообраќај. Од вчера се поставени препреки за поминување, а на него има камиони и автомобили. Непознато е дали се работи на негова санација или се проверува неговата стабилност.

Мостот беше запален во мај минатата година и беше ставен вон функција. Според градоначалничката Данела Арсовска, мостот е целосно безбеден, но од септември беше само делумно пуштен во употреба. Требаше да се направи и тест за неговата издржливост со 200 тона на него – кое не се знае дали беше спроведено или се спроведува сега.

Фото: Скопје1.мк