„Скопски пазар“ доби градежна дозвола: Почнува целосната реконструкција на Бит-пазар

Отпочнува целосната реконструкција на Бит-пазар. „Скопски пазар“ кон крајот на јануари годинава доби одобрение за градење од општина Чаир, а неговата правосилност почнува денес.

Во изминативе недели од компанијата ги реализираа подготвителните работи околу дислоцикација на дел од пазарџиите, со цел да се создаде простор за реализација на првата фаза од проектот.

Проектот ќе се изведува во четири фази, со што ќе се овозможи поставување на 1.000 нови тезги, обновување на водоводот и канализацијата, целосно покривање на пазарот и изведба на нов деловен простор со површина од 600 метри квадратни. 

Планирана е и изведба на надземен паркинг со капацитет од 230 возила.

Реновирањето на Бит-пазар ќе почне од седмиот и осмиот сектор, од каде што веќе се преместени продавачите на тезги.

Санациониот зафат ќе се одвива во период од околу 14 месеци. Идејата за целосна реконструкција на ова пазарче се провлекува уште од 2010 година, а реализацијата на самиот проект требаше да започне во 2016 година.