Скопје празно и пеколно (ФОТО)

Топлото време и празничниот викенд си го сторија своето. Жителите на градот масовно заминале и речиси никој не се појавува на местата кои вообичаено се полни со минувачи.

На главните крстосници во градот има по три-четири возила кои чекаат на семафор, улицата „Македонија“ која вообичаено е полна, денеска е како празна писта, додека на плоштадот „Македонија“ има само по некој случаен турист кој сака што побргу да ја претрча мермерната површина која блеска директно во очи поради отсјајот од сонцето.

Според синоптичарите, во Скопје во понеделник сончево и многу топло. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста која ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна до 36 степени. УВ индекс 9. 

Во вторник(02.08.2016) со почеток 09.30 часот во централното градско подрачје во Скопје, ќе се воспостави посебен режим на сообраќај, односно за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците “11 Октмври“ и “Димитрија Чуповски“ и тоа на потегот од крстосницата со бул.“ Кочо Рацин“ до крстосницата со ул.“Васил Главинов“, ул. “Филип II Македонски“ од крстосницата пред хотелот “Холидеј Ин“ до Градска Болница и ул. “Даме Груев“ на потегот од крстосницата со ул. “Македонија“ до Собрание на Република Македонија.