Скопје како Лас Вегас: Ноќевање во август чини до 2000 евра

Суперкупот на УЕФА меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на 8 август во Скопје ги наполни хотелите и неколкукратно ги дигна цените за ноќевање во август. Во периодот од седми до деветти август 93% од хотелите, или 86% од вкупниот сместувачки капацитет во градот се полни, а во истиот период во јули, резервирани се само 30% од капацитетите.

Како што наближува терминот за одржува на Супер Купот така цените на сместувачките капацитети одат нагоре. Денес, во просечен хотел во центарот на Скопје цената за едно ноќевање се движи околу 1000 евра, односно 60.000 денари. Највисоката цена е 2000 евра, а под 500 евра речиси и да не може да се најде сместување во главниот град.

За споредба со во Лас Вегас, најнаселениот град во сојузната држава Невада за истиот период се наоѓа луксузно сместување по цени кои се движат од околу 200 евра за една вечер.