Шилегов: Арсовска на Скопје и скопјани секојдневно им ја докажува својата неспособност

Наместо решение скопјани и после 2 години мака мачат да го поминат тој дел од градот. Километарски колони, нервозни возачи, раскопани улици, градежни машини е секојдневната слика со која се соочуваат граѓаните кои патуваат кон тој дел од градот.

Во јуни месец 2021 година, тогашниот градоначалник Петре Шилегов рече дека кружниот тек и клучката ќе бидат готови за 2 и пол години со што Скопје ќе добие еден нов модерен лик, но воедно и напомена дека ова е еден од најсложените сообраќајни проекти досега во историјата на Скопје. Според проценките на Шилегов оваа клучка требаше да се пушти пред 1 месец, за сега да не се знае ни кога ќе се заврши.

Од Град Скопје не сакаат да споделуваат многу информации само во едно од соопштенијата што ги пратија до медиумите кажаа дека крајниот рок е 2024 година што од тоа како се одвиваат работите на терен шансите тоа да се случи се еднакви на нула. Од вчерашното гостување на градоначалничката во нејзиниот омилен медиум “Инфомакс“ рече дека нејзиниот претходник го почнал проектот без визија, без план и без да направи експропријација на земјиштето и дека тоа се вистинските причини за застојот во градежните работи

Поранешниот градоначалник Петре Шилегов за ваквите наводи на Арсовска рече за жал таа на Скопје и скопјани секојдневно ја докажува својата неспособност и во изминативе 2 години ниту знае каде се наоѓа ниту знае што и е работа.  

- “Жално е за градот што фундаменталните работи стојат нечепнати како клучката Момин Поток што веќе требаше да биде готова. Логично се поставува прашањето што прави госпоѓата овие 2 години кога е Момин Поток во прашање, но меѓутоа исто така се посавува прашањето што прави кога е во прашање мостот “Михајло Апостолски“ рече Шилегов

Според него експропријацита е наједноставен правен акт и секојдневна работа за било кој градоначалник и на него не му е јасно зошто откако е дојдена за Арсовска за градоначалник тие проблеми ги нема решено.

- “Со само 2 експропријации за конкретниот објект се решеваат 80 % од проблемите, така што не е можно експропријациата да биде причина за застој на објектот туку тоа е незнаењето на Арсовска. Секаде во светот процесите на експропријација и градба и се паралени процеси и тоа е во било кој град во било која држава на било каков објект или автопат“ кажа Шилегов

Тој посочи дека доволно време помина откако е Арсовска за градоначалник а неговото мислење го искажал вчера и на неговиот Фејсбук профил каде и има посочено на градоначалничката да си поднесе имајќи во предвид дека во Мај имаме избори на кои тие можат да бидат и за градоначалник во Скопје.