Видео: Погледнете како изгледа реконструираниот булевар „Никола Карев“

Скопје пред неколку месеци го доби новиот булевар „Никола Карев“ под касарната Илинден.  

Проектот за проширување и реконструкција на булеварот Никола Карев се реализираше во две фази, a градежните работи од оваа фаза се извршуваа на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин Поток во вкупна должина од 980 метри. Со овој проект постојниот коловоз се прошири на 4 сообраќајни ленти, со разделно зеленило и нови мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни, информираат од Град Скопје. 

Булеварот Никола Карев е исклучително фреквентна сообраќајница која најмногу ја користат жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница ја користат и граѓаните кои патуваат кон излезот на градот. 

Пред една година Градот Скопје ја заврши и првата фаза од реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од клучката кај Бит Пазар до крстосницата кај касарната „Илинден“ во вкупна должина од 1.440 метри.