Од денеска променет сообраќаен режим пред крстосницата кај Момин поток

ЦУКС известува утрово, од 9 часот, започнаа градежни активности за асфалтирање на подолжен прекоп на бул.Никола Карев во должина од 250 м, на потегот пред крстосницата кај Момин поток.

На овој дел од бул.Никола Карев, до завршување на активностите , ќе биде воведена измена на режимот за сообраќај.

Времениот сообраќаен режим ќе биде обележан со соодветна сообраќајна сигнализација и опрема, а Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот!