Се запали стан во скопски Аеродром, сопственичката пренесена во болница

Скопјанка е повредена во пожар на стан во скопски Аеродром. 

 - На 08.04.2024 во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ настанал пожар во стан сопственост на М.С.(44) од Скопје. Од пожарот со повреди се здобила сопственичката, констатирани во ЈЗУ„Јане Сандански“, соопшти полицијата. 

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од СВР Скопје.