Интензивно чистење на центарот на Скопје од неправилно паркирани возила.
Ваква глетка може да затекнете доколку денес ве нанесе пат натаму.
Сообраќајната полиција и денес во акција и голем број на возила се носат со пајак.
Се ослободуваат тротоарите и велосипедските патеки од непрописно паркирани возила и со тоа се овозможува нормално движење.
По реакциите на граѓаните, МВР минатата недела најави зголемени активности а ние им даваме силна поддршка за оваа акција.