Се апелира до скопјани да не палат огин, особено каде што има трева, за да не дојде до пожар

Поради високите летни температури кои ја зафатија овие денови Македонија лесно може да дојде до пожар и до голема штета.

Скопјани да не палат оган кога ќе одат на Водно, Гази Баба, во Сарај, Треска или во Градскиот парк, апелираат надлежните.

Тие ги предупредија граѓаните поради високите температури што се очекуваат во наредниве денови, да внимаваат да не предизвикаат пожар, кој може да настане и од едно догорче.

 - Апелираме во никој случај да не се пали оган таму каде што има сува трева и дрвја, особено во парк-шумата „Водно“.