Каква пожртвуваност, две мајки ќе донираат бубрези за нивните деца да имаат нормален живот - се собираат донации

Велат дека љубовта на мајката кон своето дете не може да биде опишана. Таков е случајот со Филип кој е првото дете во Македонија со трансплантација на бубрег на детска хирургија.

Првата трансплантација во 2009 поминува успешно и бубрегот има нормална функција се до 2018, од тогаш наваму е на дијализен програм, и тоа три пати неделно, со сериозни нарушувања на коските, зглобовите и васкуларни проблеми кои во еден момент кулуминираат со сепса и коматозна состојба.

Обезбеден е донор на бубрег, а тоа е мајката на Филип. Таа ќе го донирара својот бубрег за друго дете, а мајката на тоа дете ќе донира за Филип (Вкрстена Ретрансплантација и Плазмофереза на Бубрег). Со ваквата пожртвуваност на двете мајки не само што ќе му се помогне на Филип туку ќе му се помогне и на уште едно друго детенце кое има 8 години чија мајка е донор на бубрегот за Филип.

Затоа преку првата крауфандинг платформа во Македонија ECrowd е упатен повик за собирање на донации каде се бара од народот во Македонија по кој знае кој пат да ја покаже својата хуманост и да им помогне на овие две семејства да се исправат пред предизвикот кој ги чека во следниот период.