Сакале да избегнат царински давачки, Судот им ги одзел гасот, цистерната, влекачот и плус ќе платат казна

Фирма од Скопје се обидела да избегне плаќање на увозни царински давачки за 12.536 метри кубни гас со вредност од 1.5 милиони денари. Со пресуда на Суд, фирмата освен давачките кои треба да ги плати кон државата во висина од 371 илјади денари наложено и е да ја плати и казната од 150 илјади денари и плус вредноста на гасот.

Превозникот од Молдавија при влез во државата наместо да ја царини стоката истата ја истоварил директно во фирмата увозник и се обидел да излезе од државата преку Табановце без документ за оцаринета стока. На граничниот премин Табановце царинските службеници по извршениот увид на документацијата, утврдиле дека не се наплатени соодветните увозни царински давачки односно дека не е завршена увозна постапка, по што случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа.

Од Царината известуваат дека инспекторите пристапиле кон целосно расчистување на случајот по што сите докази се предадени на Основниот суд Куманово, од каде е изречена пресуда за одземање на влекачот и цистерната во вредност од 3.161.084 денари, и фирмата увозник да ја плати вредноста на гасот, избегнатите царински давачки и глобата.