Царината спречи шверц на 4.4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните

Спречен шверц на 4.4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава откако на терминал на граничен премин Табановце, инспектори со скенер извршија контрола која што покажа дека во возилото освен декларираната стока има и друга стока која не е опфатена со царинската декларација. По отворање на возилото во 29 пластични палети е пронајдено замрзнато месо од разен дивеч, зајаци, фазани, еребици, за кои не поседувал никаква документација.

Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација ниту пак превозникот за него имал соодветен сертификат, и дозвола од соодветна надлежна институција Агенција за храна и ветеринарство.  Во царинската декларација стоката е декларирана како „пластични палети и подвижни метални рафтови“ со вредност од 3.750 евра или само 5,6 проценти од вкупната вредност на стоката.

Против сторителот е поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик се вели во соопштението на Царинската управа