Рецепт за најпопуларниот кремаст колач во Америка

Потребни состојки:

За кора:

2 шолји шеќер

4 јајца

2 ½ шолји брашно

1 шолја млеко

¾ шолја масло

2 ¼ кесички прашок за пециво

1 лажичка екстракт од ванила

Крем:

2 пудинга од ванила подготвени според упатството на кесичката

Глазура:

240 гр чоколадо

1 шолја слатка павлака

Подготовка:

Шеќерот и јајцата изматете ги со миксер додека не добиете пенаста смеса, додадете го брашното со прашокот за пециво, млекото, масло и ванила, па се добро изматете. Истурете ја смесата во правоаголна тепсија или огноотпорен сад кој сте го подмачкале и печете на температура од 175С, 30 – 40 минути.

Штом ќе ја извадите кората од рерна, избодете ја да направите дупки низ целата. Пудингот згответе го според упатството, оставете да се излади па прелијте преку кората и оставете да се лади.

За глазурата, исецкајте го чоколадото и ставете го во огноотпорен сад. Павлаката ставете ја на шпорет да се загрее до точка на вриење, прелијте преку чоколадото, оставете 2 минути, па се измешајте додека не добиете течна и глатка глазура. Веднаш прелијте преку колачот и оставете да се лади.