Летна манџа со мисиркини ќофтиња по рецептот на Стефанија

Стефанија Несторовска е девојката која секогаш има нова идеја за вкусно јадење, а сепак тоа да изгледа прекрасно, но и да е здраво. Таа е сопственик на ресторанот Heltish во Скопје, а на својот инстаграм профил често споделува здрави рецепти, за на сите да ни ги скрати маките со готвењето.

За денес ние избравме да ви го покажеме рецептот кој ги освои сите, а кога ќе го пробате и вие, ќе знаете зошто.

Потребни ви се следните состојки за да ја направите летната манџа со мисиркини ќофтиња по рецептот на Стефанија, и тоа:

За кофтињата:

  • 500 гр. мелено мисиркино
  • 1 кромид, исецкан на мали коцки
  • магдонос, исецкан на ситно
  • 2 лукчиња, исецкани на ситно
  • зачини (јас користев сол, бибер, кимион, оригано)
  • 1 јајце

„Се тоа измешав убаво и оформив ќофтенциња. На загреано масло ги додадов и ги пржев по 4-5 минути од страна додека не се комплетно зготвени и не добијат убава крцкава коричка“, напиша Стефанија во нејзиниот рецепт.

За летната манџа:

• 2 патлиџани, исецкани на коцки

• 4 пиперки, исецкани на коцки

• сол и оригано

„На загреано масло ги додадов пиперките и се пржеа додека не се зготват и не омекнат. Го додадов патлиџанот и зачините, промешав, ја намалив тепмературата и оставив да се крчка 10тина минути. Додадов од летната манџа, потоа ќофтенцата и искочи the beeeeest combo “, додаде Стефанија во својата објава на инстаграм, каде го сподели рецептот.