Разбојништво во Центар - Украл кацига и нападнал човек

Разбојничка кражба во скопски Центар. Полицијата уапси едно лице. 

 - На 02.04.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Х.А.(45) од Скопје поради тоа што околу 20.30 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје извршил „разбојничка кражба“ при што одзел кацига од мотоцикл и физички нападнал 56-годишен скопјанец кој се обидел да го спречи да го изврши кривичното дело, соопштија од полицијата. 

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.