Работи кои престанав да ги правам за да стекнам мир во својот живот

Да се расправам со луѓе.
Да ја трошам енергијата на едностани врски.
Да претерувам со давање време на други кога немам енергија.
Да прифаќам и оправдувам отровно однесување затоа што тоа е поудобно од промена.
Да дозволувам дисфункционални членови на семејството да ми ја украдат радоста.
Да се обидувам да ги поправам луѓето нарекувајќи го тоа „чин на љубов.“
Да ги занемарувам своите граници за да се вклопам во туѓите животи.
Да се држам до ограничувачки уверувања за својот живот, сопствената вредност и потенцијал.
Да се преправам дека сум среќна кога не сум.
Да го стишувам својот глас и да не ги кажувам своите потреби.
Премногу да размислувам за свoето минато и за работите кои не можам да ги променам.
Да се држам до луѓе кои ги надраснав само заради „вложеното време“.
Да им удоволувам на луѓе само за да ме прифатат.
Да не ги гледам своите благослови и да го споредувам својот живот со животите на другите.
Да се напуштам себеси, својата вистина и својот интегритет, само за да се „вклопам“.
Да чекам надворешна „валидација“ за да си ја зголемам самодовербата.
Да се обидувам да ги променам луѓето кои се посветени на тоа да останат исти.

~ Алекс Ел