Ако го немаш својот мир – немаш ништо

Живееме во стресни времиња. И покрај целата ситуацијата со коронавирусот, ова важеше и претходно. Постојано бевме растрчани на сите страни, немавме време да извоиме еден час во денот за да посветиме време да размислиме за нашите приоритети, благосостојба и среќа. 

Постојано чувствуваме некаков немир, а не знаеме зошто. Постојано чувствуваме некаков стрес како клокоти во нашиот ум, а навидум сѐ е океј. 

Ама не е, нели? Се прашуваме каде исчезна оној спокој и мир кој ни помагаше да заспиваме лесно, поради кој ставамве насмевки на лицето.

Каде ги изгубивме овие работи? Во вртлогот на животот, во трчаниците, во грабањето по уште. Нашата постојана состојба на незадоволност од сѐ го загуши нашиот мир и внесе само состојба на постојана вознемиреност.

Џабе се сите материјални работи, сите постигнувања и дипломи, ако немаме мир и спокој во душата.

Ако го изгубиме својот мир – сме изгубиме сѐ. 

Ако го немаме својот мир – немаме ништо.

Затоа, да ги искористиме овие денови кои ни преостануваат за да одлучитм што е навистина важно, а што не е, што треба да задржиме, а што треба да отфрлиме за да ни се врати нашиот спокој, да се врати мирот во душата!