Кога некој често избира самотија, тоа е начин преку кој се бори за својот внатрешен мир

Копнежот за самотија често е одговор на раните што ни ги задава општеството, човек што избрал самотија е човек што го одбрал тој одговор како да одбрана од тоа како луѓето се однесувале со него. Затоа никогаш немојте да ги критикувате тие луѓе, тие поминале низ тешкото животно школо кое на нив оставило многу траги, траги во форма на рани кои во самотијата ги лекуваат. 

Луѓето се борат за својот мирен живот сфаќајќи дека мирот е непроценлив. Тоа не се асоцијални негативни, тоа се луѓе кои вложиле многу труд во животот, но светот им одземал многу нешта, луѓе кои нечија близина ја платиле многу скапо, луѓе кои верувале во добрината на луѓето, но сфатиле дека освен добрина, потребна е и мудрост, затоа што само таа може да го заштити она што е свето и кревко во секој човек.

Тоа се луѓе кои секогаш ќе секогаш ќе ви посакуваат среќа, затоа што знаат дека секогаш се враќа она што го даваш, луѓе кои не би наштетиле никому затоа што веќе некој им наштетил и знаат какво е чувството, па само сакааат да ги чуваат своите граници, интегритет и мир. 

Тоа се луѓе кои секогаш ќе разбудат некаква емоција, затоа што се многу топли и добродушни луѓе, но морале на некој начин да стават крај на оние грабливци кои ја цицаат енергијата на луѓето.

Кога некој често избира самотија, тоа не значи дека не ги сака другите луѓе, туку дека кога е присутен некаде дека ќе го даде најдоброто од себе. Приказната на луѓето кои избираат самотија е приказна на внатрешната борба на луѓето за добрина, за вистина, приказна за да се тргнат маските од светот и пред другите човек да биде она што е.

Кога некој често избира самотија, тоа е начин преку кој се бори за својот внатрешен мир!