Промоција на Стратегија за климатски промени „Отпорно Скопје“

Градот Скопје денеска ќе ја промовира Стратегијата за климатски промени „Отпорно Скопје“, која ќе биде стратешки документ за намалување на емисиите на стакленички гасови и подготвеност за промените.

На промоцијата ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон.