Привлечете го она што ви недостига во животот преку цвеќињата во вашиот дом!

Ако правилно ги поставите цвеќињата и билките во домот, тоа ќе ја промени енергијата во просторот и на сите ќе им го подобри расположението.

Според Фенг Шуи, билките привлекуваат среќа, љубов и благосостојба. Ако ставите две рози во дневната соба, ќе привлечете романса. Менувајте ги розите на секои 9 ден во период од 27 дена и љубовта ќе се појави. Ако сте во среќна врска, среќата ќе ја привлечете со сончоглед.

За љубов – Потребно е да ставите две розеви рози во бела вазна во десниот агол од дневната соба. Морате да им ги тргнете трновите и да ги менувате на секои 9 дена.

За работа – Во средиштетот на својот деловен простор ставете сончоглед. Според Фенг Шуи, тука се наоѓа подрачјето на славата.

За среќа – Ако сакате да привлечете среќа, ставете ја која било билка со црвени цветови од левата страна на влезната врата.

За богатство – Пурпурна орхидеја на средина на трпезариската маса ќе привлече богатство. Клучот е во трпезаријата.

За здравје – Збогатете го својот животен простор со зелени билки. Зелената боја симболизира долговечност и виталност. Ако заздравувате од болест, ставете зелена билка во спалната соба.