Почетокот на пролетта е совршен: Фенг шуи ритуал за исфрлање на негативната енергија од домот

Денес ви презентираме многу познат фенг шуи ритуал со кој ќе ја исфрлите негативната енергија од домот и ќе ја вратите хармонијата назад. Единствено нешто што ви е потребно за овој мал ритуал се: 3 портокали, вода, стаклен сад и свежо цвеќе. Да почнеме!

Како оди постапката:

Излупете ги портокалите, земете ја кората, а плодовите оставете ги за јадење. Поделете ја кората на секој портокал на 9 парчиња. Ставете ги во садот и наполнете ¾ од садот со топла вода.

Повторувајте ја следната позитивна афирмација: „Со оваа церемонија си заминува негативната енергија, а на нејзино место доаѓа позитивната енергија.“

Ставете го садот на влезот доколку сакате да го исчистите целиот дом. Испрскајте дел од водата низ целиот дом и повторувајте ја својата одбрана мантра и позитивна афирмација. Поминете низ сите делови на домот, не ги занемарувајте ниту ормарите.

Потоа фрлете ја кората и водата, а портокалите можете да ги изедете.

По ова фенг шуи чистење, отворете ги прозорците и вратата за да го исполните домот со свежа енергија.

Ставете го свежото цвеќе во средишниот дел од собата или домот.

Во наредните 9 денови три пати заменете го цвеќето. За менувајте го цвеќето на секои три дена, а последниот букет нека остане додека сосема не овене.