Исфрлете ги овие предмети од домот, доколку сакате среќа и позитивна енергија во животот

Доколку не се чувствувате добро во вашиот дом, можеби причината за тоа се предмети кои едноставно ја привлекуваат негативната енергија.

Доколку го менувате ентериерот во домот, прочитајте ја листата на предмети кои би требало да ги одбегнувате.

Црна влезна врата

Според кинеската фолозофија за ентериерот, Фенг-шуи, најадекватната боја за влезната врата во вашиот дом ќе ја одберете според страната на светот на која таа е свртена. Црната боја, се верува дека привлекува негативна енергија и несреќа, освен доколку влезната врата не е свртена кон север.

Растенија со трња

Остри и боцкави билки, се вистински магнет за несреќа. Затоа не е препорачливо да одгледувате билки со трња, како на пример кактус.

Календар на погрешно место

Календарот кој е поставен во близина на влезната врата, асоцира на тоа дека времето е минливо, па затоа негативно влијае на квалитетот на животот на оние кои живеат во домот.

Огледало спроти креветот

Огледалото поставено спроти креветот во кој спиете, се верува, дека носи негативна енергија која ќе се прикаже низ проблеми во врската или бракот.

Слика од бродолом

Или независно, слика од некоја катастрофа или онаа која асоцира на некој катастрофален настан. Доколку забележувате дека ве следи лоша среќа, време е да се ослободите од овие слики кои негативно влијаат на вас и вашиот живот.