Прегазена жена во Скопје, возачот избегал

Завчера биле прегазена жена во Скопје, по што возачот избегал од местото.

- Во СВР Скопје било пријавено дека на 02.03.2023 околу 17.45 часот на крстосница од ул.„Македонско косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во М.И.Ф.(62), по што го напуштило местото, информира МВР.

Како што соопшти МВР, во несреќата М.И.Ф. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во приватна болница во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.