Пожар во стан во Скопје, огнот се проширил и кај соседите

Вчера во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тале Христов“ во Скопје настанал пожар во стан сопственост на С.М.(35),

Пожарот, информираат од полицијата, се проширил и во станот на К.З.(49), а биле направени оштетувања и на неколку други станови.

Екипа на Бригадата за противпожарна Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје.