Пожар во една од бараките на скопската клиника

Во текот на вчерашниот ден избувнал пожар во една од бараките на Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Вчера во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје настанал пожар во една барака.

Од екипа на Бригадата за потивпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.