Пожар избувнал во напуштена куќа на улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир маало.

Пожар избувнал во напуштена куќа на улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир маало.

Пожарот до Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје е пријавен околу 15 часот.

Звонко Тоневски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во изјава за МИА истакна дека интервенирале со две возила и седум пожарникари. Тој кажа дека работат на расчистување на местото на опожарената куќа.