Малата Мила денеска заѕвоне на ѕвончето за оздравување и тоа значи дека ја победила болеста и заминува дома. Мила клоцна една голема грижа. По Румеса, Мила е второто детенце кое овој месец заминува здраво и живо дома.
Многу мила, една мала Мила ! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечињата, стои во објавата на видео.
Веста беше споделена на фејсбук страната на организацијата Сано која преставува здружение на родители и пријатели на децата лекувани од рак и нивните семејства, соединети во мисија за подробрување на квалитетот на лекување и животот на заболените деца и нивните родители.