Поставени над 550 заштитни столпчиња на неколку градски улици

Изминатиов период екипите на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје по налог на Град Скопје интензивно поставуваат нови заштитни столбчиња на градските сообраќајници на кои е предвидено дека е потребна нивната функција.

- На улицата „Московска“ се поставени 345 заштитни столбови по целата должина на улицата, на бул. „АСНОМ“ околу 60, а по завршување на реконструкцијата улицата „Даме Груев“ и на тој потег беа поставени 140 заштитни столбови. Денес екипите поставуваат нови заштитни столбчиња на улицата „Антон Попов“, а во наредниот период  продолжуваат и на останатите улици да ги постават заштитните столобови за кои што Град Скопје има дадено налог за работа, соопшти претпријатието.

Како што информираат „Улици и патишта“, санацијата на  оштетените заштитни столбчиња се одвива редовно, како дел од тековните активности на претпријатието за одржување на сообраќајната опрема на патиштата и е со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, како и за спречување на непрописно паркирање на возилата.