СОСТОЈКИ ЗА КОРИ:
100 гр шеќер
100 гр посен маргарин
100 мл вода
1 кесичка нескафе (сварено)
300 гр брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
Сите состојки се матат, од добиеното тесто делите три кори (во круг форма), кои ги печете на 220 степени околу 10 минути.
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
700 мл вода
200 гр шеќер
4 кесички нескафе
7 лажици густин
250 гр посен маргарин
300 гр посен шлаг
Шеќерот се вари со водата откако ќе зоврие се додава нескафето.За кратко време на загреаната вода со шеќер и кафе го додаваме густинот.Се меша додека не се згусне на тивок оган.Кремот се лади, а потоа се става маргаринот.Откако филот ќе се направи се мачкаат корите и се украсува со посен шлаг.