„Паркови и зеленило“ со апел по најавите за силен ветер: Не ги паркирајте возилата под високите дрвја

ЈП „Паркови и зеленило“ објави известување на граѓаните по најавите од УХМР за засилен ветер.

-По најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за појава на засилен југоисточен ветер од над 70км/час и можна појава на краткотраен дожд во попладневните часови денес и утре, ги молиме граѓаните да не ги паркираат своите возила под високите дрвја, со цел да се избегнат несакани последици, се наведува во објавата.

Посочуваат доколку граѓаните забележат паднато дрво да го пријават во Центарот за управување со кризи на телефон 195 или да им се обратат со директна порака или мејл, за екипите да интервенираат.