Паркот Македонија доби нови реквизити

Денеска во паркот Македонија, на булевар Теодосиј Гологанов, поставени се три нови парковски реквизити за седење.

Директорот на ЈП Паркови и зеленило Зухејр Реџепи, заедно со претставници од претпријатието направи увид на местото и ја поздрави работата на теренските екипи.

-Со новите реквизити за дружење и одмор паркот Македонија е уште поубав и претставува вистински пример за убаво уредена, урбана зелена средина во градот, велат надлежните.