Пандемијата го одложи почетокот на авионската линија кон Москва

Македонците ќе почекаат уште малку за директните летови кон Москва. Авиокомпанијата Нордвинд го одложи почетокот на линијата, која требаше да започне редовно да сообраќа на 21 мај. 

Поради епидемиолошката состојба, авиокомпанијата е принудена да ги одложи директните закажани летови, стои во нивното известување.

Како што информираат од Нордвинд, информации за отворањето на летовите Москва – Скопје ќе бидат дадени од страна на авиокомпанијата дополнително.

Со ова, сите летови ќе имаат доцнење, односно одложување на датумот на поаѓање и пристигнување. 

Претходно, Нордвинд објави отворање на нова редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, еднаш неделно, почнувајќи од 21-ви мај, со што рутата беше и соодветно испланирана во летниот ред на летање на ТАВ Македонија за Меѓународниот Аеродром Скопје, со термин секој петок попладне, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути.