Откриена причината за уривањето на авионот кај Солунска глава

Силниот ветер бил причина за уривањето на авионот кај Солунска глава при што загина бугарското семејство Бошнакови.

Ова денеска го даде како одговор на прашањето премиерот Зоран Заев при прес конференцијата со новинарите после работната средба со стопанските комори за иницијативата за воведување скратено работно време при користење на родителско отсуство во Клубот на новинари.