Од турска касаба до прекрасна метропола, листа на сите градоначалници на Скопје

Ако некој што живее во Скопје го прашате да наброи барем тројца градоначалници на главниот град во изминативе 100 години, веројатно ќе останете без одговор. Тешко е да се најдат нивните биографии, а уште потешко нивни слики.

Генерално, може да се каже дека пред Втората светска војна тогашните градоначалници биле избирани од власта, а претходно биле заслужни војници кои работеле за српската страна. По Втората светска војна, пак, ништо не е сменето, и повторно градоначалниците се избираат по заслуга, но овој пат заслуги за Комунистичката партија. Под српска власт, кога Македонија била јужна бановина, на почетокот на минатиот век, градоначалниците се нарекувале претседатели на Општината на градот.Од податоците се бележи дека градот Скопје најмногу се развива по Првата светска војна.

Список на градоначалници на Скопје:

Јосиф Михајловиќ од 1929 до 1936 и од 1939 до 1941 во овој период најмаркантна личност - градоначалник, која се споменува во сите книги и чии заслуги во Скопје се гледаат и ден-денес е Јосиф Михајловиќ, 1887-1941. Роден е во с. Тресонче, Дебарско. Според записите, бил човек со висока стручна квалификација. Универзитет завршил во Белград, а се дошколувал во Франција каде што се запишал на Сорбона, на Институтот за урбанизам. Потоа заминал за Лондон каде што се запишал на Високата лондонска школа за уредување и разубавување
градови. 

Во негово време и на негова иницијатива изградени се капиталните објекти, како хидроцентралата "Матка", првиот водовод "Рашче", насипот во Градски парк на Вардар, регулацијата на Серава. Негови се заслугите за првиот урбанистички план на Скопје, оформувањето на денешниот плоштад со околните улици, изградбата на Собранието, денешната Градска болница, старата железничка станица, поранешната Народна банка на Плоштадот. Кога во 1929 година бил именуван за градоначалник, се вели во записите, авионски го снимил градот и направил катастарски премер и попис на населението. Првиот урбанистички план на Скопје го изработил заедно со стотици ученици, инженери и геометри. Благодарение на неговите планови, започнува усовршувањето и на уличната мрежа. Изградени се многу плоштади, улици, мостови и објекти: плоштадот Македонија, денешните Илинденска, 11 Октомври, Мито Хаџи Василев - Јасмин, Орце Николов, кејот 13 Номеври. Во негово време започнало и калдрмисувањето на улиците.Било формирано и Друштво за разубавување на градот, кое се грижело за естетскиот изглед на објектите.

Спиро Китинчев 1941 – 1944,

Лазар Танев - прв претседател (градоначалник) на НОО на град Скопје по завршувањето на НОВ на Македонија. На оваа позиција бил од 1944- 1945 година. Член на КПЈ, обласен комитет за Македонија.

Димче Зограимфски 1945 – 1947, македонски револуционер и општествено - политички работник. Во младоста се вклучи во македонското национално движење. Поради својата револуционерна дејност е осуден на пет години затвор. За време на НОВ на Македонија работеше во Акциониот комитет за создавање и ширење на народноослободителното движење, за што е интерниран од бугарската окупаторска власт.

Горѓи Икономов 1947 – 1948, Душко Лукарски 1948

Вера Ацева- Доста 1948 македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија.По ослободувањето Ацева врши повеќе раководни функции. Во 1948 била Градоначалник на Град Скопје На Петтиот конгрес на КПЈ во јули 1948 година е избрана во Централниот комитет на КПЈ.

Аспарух Каневче 1949,

Наум Наумовски - Борче - македонски комунист, учесник во НОВ, народен херој. Станал член на КПЈ во 1940 година. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ. По ослободувањето врши повеќе високи функции. Во два мандата е градоначалник на Скопје: во 1950 и од 1956 до 1960 година.

Кемал Сејфула бил македонски политичар, Турчин по националност, учесник во НОБ. Носител е на Партизанска споменица 1941.По војната Сејфула ја завршил Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград. Врши повеќе функции. Во 1945 година бил судија во Врховниот суд на Македонија.Во Владата на Македонија од 1951 година е министер за локални работи и локална индустрија, член е и на следната влада (извршен совет) од февруари 1953 година. Во периодот 1951-1954 година бил и градоначалник на Скопје.

Васил Ѓоргов 1954 – 1956,Наум Наумовски – Борче 1956 – 1960, Крсте Марковски 1960 – 1963, Благој Попов 1963 – 1969, Драгољуб Ставрев 1969 – 1974, Методи Антонов 1974 – 1982, Трајко Апостолоски 1982 – 1984, Ушан Поповски 1984 – 1986, Југослав Тодоровски 1986- 1991.

Милан Талевски 1991 – 1993 во нговот време  е изградена санитарната депонија “Дрисла“, во атарот на село Ракотници, со капацитет за депонирање смет за Скопје и околните градови предвиден до 2025-2030 година. Пуштена во употреба на 21 септември 1993 година.СРЦ “Матка“ – Изградба на кајак стазата и целиот партер околу стазата, како и нејзино приспособување за европски и светски натпревари; комунално уредување на викенд населбата Матка.

Горан Николовски 1993 – 1995, Јове Кекеновски 1995 – 1996, Ристо Пенов 1996 – 2005, Трифун  Костовски 2005 – 2009 година.

Од 2009 до со мндат до 2017 година градоначалник на нашата метропола е Коце Трајановски.

Во неговите два мадата изработени се и се уште се работи на важни проекти почнувајќи од сообраќајните решенија во градот, споменици и градби кои ја испишуваат новата историја на нашиот град.

Кој ќе биде новиот градски татко останува да видиме на 15 октомври.