Обид за кражба на банка во Аеродром среде ноќ: Уапсен е 18-годишник

Денеска во 3.00 часот по полноќ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, со живеалиште во Скопје.

- Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром, информираа од МВР. 

Лицето било задржано во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.