„Новогодишна бајка“ во Аеродром кај Авионче, музички спектакл ќе има и во Карпош

Дел од скопските општини најавија богата и интересна предновогодишна програма. Во фокус најмладите жители, но ќе има забава и за граѓаните од други категории!

Од општина Карпош ја објавија програмата за предновогодишната забава за граѓаните. 

- На плоштадот „Делфина”, со почеток од 11 часот, оваа недела (24.12.2023) карпошани ќе имаат можност предновогодишно да се забавуваат и да се опуштат со звуците на народната и поп музиката. Освен музичкиот спектакл, најмалите ќе гледаат детска претстава, соопштија од локалната самоуправа на Карпош.  

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчи Муцунски вчера ја најави манифестацијата „Новогодишна Бајка“ која ќе се одржи од 25 до 27 декември кај „Авионче“ и каде ќе настапат домашни музички ѕвезди.

Забава за најмладите ќе има во Гази Баба. Првиот човек на општината Бобан Стефановски најави и голем детски настан кој ќе се случи следниот викенд покрај новогодишната елка на плоштадот во Автокоманда, а на истиот Дедо Мраз ќе подели новогодишно пакетче на секое дете.