Нови светлосни знаци низ градските крстосници (фото)

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат нови светлосни знаци на порталните столбови на градските крстосници. Нови знаци се веќе поставени на крстосницата на булеварот ВМРО со булеварот Гоце Делчев, а замената на старите со нови знаци ќе продолжи и на улицата Радишанска кај ОУ „Ацо Шопов“, на улицата Московска и на булеварот Александар Македонски.

Со поставувањето на новите светлосни сообраќајни знаци ќе се овозможи поголема видливост на пешачките премини и побезбедно одвивање на сообраќајот на градските улици.

Според програмата на Град Скопје, нови светлосни знаци е предвидено да се постават и на улиците Димитрие Чуповски, пешачкиот премин кај СУГС „Јосип Броз Тито“, на пешачкиот премин кај Министерството за правда, на булеварот Партизански одреди (на потегот од улицата Ацо Шопов до улицата Ангел Динев), на улиците Франклин Рузвелт, Бутелска, Коце Металец, како и на улицата Индира Ганди.