Ни трага, ни глас од Самоил: Продолжен притворот на осомничените за негово киднапирање

Помина повеќе од еден месец, а сè уште нема ни трага, ни глас од 26-годишниот Самоил Костадиновски. Ниту паричната награда која ја нудеше неговото семејство не донесе добри вести за момчето.

Во притвор се две лица осомничени за киднапирањето на Костадиновски. Од Кривичен суд за „Фокус“ потврдиле дека вчера им била продолжена мерката притвор додека трае истрагата.

Од Обвинителството велат дека преземаат дејства и приоритет е пронаоѓање на исчезнатиот 26-годишник, а засега не соопштуваат детали од истрагата во јавност.

Костадиновски исчезна на 4 март, откако последен пат бил забележан во близина на Чешката амбасада, а неговото семејство тврди дека возилото со кое бил грабнат по три дена било пронајдено опожарено во Драчево.