Неделава имаме продолжен викенд

Јануари е месец со најмногу празници и неработи денови.

До крајот на јануари имаме уште еден неработен ден. 19 јануари (петок), кога се слави Богојавление (Водици) е неработен за православните верници. 

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ, неработен ќе биде 27 јануари (сабота), Свети Сава.

Во февруари и март нема неработни денови. 

Во април неработен е 10 април (среда) кога се одбележува првиот ден од Рамазан Бајрам. 

Во мај доаѓа големиот христијански празник Христовото воскресение - Велигден, па така неработен ден е 6 мај (понеделник) што значи ќе имаме продолжен викенд. За правсолавните христијани неработен ќе биде и Велики Петок. 

Први мај - Денот на трудот и 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, ќе бидат неработен ден за сите граѓани. 

За сите граѓани неработни денови до крајот на 2024 година ќе бидат: 

- 02 август (петок), Ден на Републиката,

- 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

- 11 октомври (петок), Ден на народното востание,

- 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

- 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден. 

За православните христијани неработи денови ќе бидат: 

21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

- 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).