Во април има еден неработен ден за сите граѓани, се паѓа во среда

Претстојниот месец април има еден неработен ден за сите граѓани во земјава. 

Согласно календарот на неработни денови, 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам ќе биде неработен за сите граѓани. 

По април, во месец мај неработни денови за сите се:

- 1 мај (среда), Ден на трудот

 - 6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

- 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители