Над 10.000 Македонци годишно бараат бугарски пасош

22 државни службеници се приведени во  Бугарија, под сомнение дека издавале фалсификувани уверенија за бугарско потекло. Меѓу приведените е и претседателот на Државната агенција за Бугари во странство Петар Харалампиев.  

Лажни потврди  биле издавани пред се на државјани од Македонија, Украина и Молдавија со цел да се стекнат со бугарски пасош. Бугарските медиуми наведуваат дека неделно биле давани и по 40  вакви уверенија, а нивната цена изнесувала 5 000 евра. Министерката за правда Цецка Цачева најави  дека под итно,  до крајот на годинава,  ќе има промени во законот за издавање бугарски државјанста за да се озбегнат ваквите малверзации во иднина.

Работната група работи на промена на законот за бугарско државјанство прво е тоа да се добива државјанство по питекло, а втор по натурализација.....

Бугарските медиуми пренесуваат дека полициската акција спроведена во Ќустендил, Софија и Плевен, е резултат на  истрага која трае веќе два месеци. Алармот бил кренат уште на пролет кога во францускиот печат бил објавен текст за голема малверзација и  продажба на европски пасоши во Бугарија. Медиумите пренесуваат дека со овие пари наводно се финасирало бугарското ВМРО на министерот за одбрана Красимир Каракачанов. Инаку за  последните десет години над 115 илјади лица добиле  бугартско државјанство со вакви уверенија за потекло. Најбројни баратели се македонските граѓани. Споед податоците на бугарското министесртво за правда за една година барање  за државјанство поднеле 10 000 Македонци.