Повторно „модна утка“ - министерката за култура ја „исхејтаа“ на социјалните мрежи за спортските патики

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска повторно мета на потсмев поради модниот избор! 

И овој пат, министерката на социјалните мрежи ја прозваа за непочитувањето на „дрес кодот“, со оглед дека се појави во спортска варијанта на обувки. 

И ова не е прв пат, претходно замина во Ерусалим со фармерки, голи глуждови, патики и спортска јанка, на свечена литургија, во рамки на работната посета. 

Еве дел од реакциите на социјалните мрежи: