Чистачка во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за бугарско државјанство

Интересни информации доаѓаат од бугарскиот конзулат во Битола. Извесна Весна Котеска, која била пријавена како хигиеничарка, интервјуирала кандидати за бугарско државјанство во бугарскиот конзулат во Битола. Бугарскиот пратеник од партијата „Преродба“ тврди дека поради ова многу барања биле одбиени. Тврдењето на пратеникот било повод случајот да го испита вицепремиерката Марија Габриел, пишува Њуз.бг.

Вицепремиерката Габриел побарала увид во дејноста на конзуларната служба и рекла дека хигиеничарката повеќе нема пристап до архивата и до конзуларното претставништво.

“ Немаше докази дека таа правела интервјуа за бугарско државјанство. Сепак, откриените прекршувања се недозволиви“ изјавила Габриел.