На булеварот Климент Охридски и на улица Македонија ќе се сечат дрва

ЈП„Паркови и зеленило“ најавува уште една акција за сечење на дрва во Скопје, која ќе се спроведе наредната недела.

ЈП „Паркови и зеленило“ информира дека екипи од одделението „Дрвореди“ в понеделник ќе исчеат едно суво дрво на улицата Македонија, кај спомен куќата на Мајка Тереза и две суви дрва на булеварот Климент Охридски, спроти бензинската пумпа на „Макпетрол“.

„Дрвјата ќе се сечат од безбедносни причини и истите се стари, деградирани и оштетени“, велат од „Паркови и зеленило“ .