Млад скопјанец пронајден починат во својот дом

Министерстово за внатрешни работи информираше дека вчера во 05.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Никола Русински“, сопственост на П.П.(73) од Скопје, имало починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за А.Г.(36) од Скопје. Според пријавеното, на А.Г. му се слошило додека бил со М.(36) и М.Д.(35).

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, се вели во соопштението на полицијата.