Мајка ми без желудник требаше да јаде недопечен копан на Онкологија - Уште едно потресно сведоштво

И денеска ќе се протестира за случајот „Онкологија“ кој ја потресе македонската јавност. Во меѓувреме, блиски лица на пациенти кои се лекувале на оваа клиника споделуваат искуства кои се надеваат дека ќе помогнат во истрагата за скандалот со кражба и препродавање со лекови. 

На фејсбук групата „Протест против убиството на онкологија“, споделија дека се случувало и починат пациент цела ноќ да остане во иста собра со пациентите кои се лекувале таму. 

Во групата се сподели уште едно потресно сведоштво кое ви го пренесуваме во целост: 

- Сакам анонимно да споделам едно лошо искуство со мојата мајка на Онкологија. Мајка ми беше оперирана од канцер на желудник (III стадуим), целосно отстранет желудник. Во јуни оперирана, во септември веќе почнуваат проблемите на Онкологија, за да се направи компјутер и да се знае со што треба да се започне дали хемо или зрачење, неможеа да најдат термини / всушност никој не се ни труди да најде, оставен е пациентот сам на себе ако сака да започне со лекување побрзо треба сам да си најде начин да се сними побрзо, во спротивно термини по два месеци. За наша среќа закажавме во болницата во Охрид, само со прашување на фиксниот телефон оставен од болницата за контакт на интернет, сестрата имаше целосно разбирање и ја закажа мајка ми за два дена од денот на јавување со приоритетен упат издаден од матичен лекар.

Во ред е дека најдовме, но тоа за пациент што неможе да седи и да јаде беше малтретирање, од едниот крај на Македонија (од Св.Николе) ја носиме до Охрид, се снимаат и ја враќаме назад. Саати возење и малтретирање бидејќи никаде во близина нема термини, на Онкологија нема кој да те упати во близина и да закаже со приоритетен упат.

Наредното патешествие е 25 терапии со зрачење.За да не патува секој ден, бидејќи неможе да седи в кола, мајка ми остана во болница (секој втор викенд дома). На одделението бидејќи се слушавме постојано во текот на денот, само во прва смена сестра која ќе влезе неколку пати, во втора смена никој да ги види. Мајка ми велеше има пациенти кои викаат и молат по сестрите оти имаат болки да им помогнат, нема кој да дојди. Секој пациент добива ИСТА ХРАНА, ова го потенцирам, затоа што на тие одделенија лежат најтешко болно, што треба да се со режим на исхарана. Мајка ми без желудник требаше да јади: недопечен копан секој втор ден, кифли со мармалад (има шеќер и не смее да јаде пецива),грашок со некакво месо и неможам да се сетам што се друго... потенцирам ХРАНА ЗА ПАЦИЕНТ БЕЗ ЖЕЛУДНИК. Молев и прашував низ групите како се снаоѓаат другите, не бевме во можност никој да е таму со неа, да купува и носи соодвена харана. Се што можеше да понесе од дома нема кај да се чува, нема фрижидери. Сокот направен од дома, нема кај да го чува, се скиселува.Мајка ми западна многу и физички и психички.

Барав помош по групите на фб како се снаоѓаат другите пациенти. Не знам колку добри луѓе што живеат во близина на болницата во Скопје се понудија да и носат домашно приготвено за неа храна. Во викндите беше најстрашно, нема многу пациенти, дел си заминуваат, нема кој вода да и купи или да и подаде... сестри уште помалку.

Психички западната, преку молби од здружение за болни од канцер, побаравме да ја посети психолог. Само еден краток разговор од страна на психолого, пак ќе повторам изнуден преку неколку јавувања.

Зошто да нема постојано некој психологшто ќе е достапен за секој пациентво било кое време.
Во ноќноте часови, неколку пати се случило пациент да почини, да треба време дури да дојди доктор, а починатиот да остани до сабајле во просторијата со останатите пациенти. Тоа е уште еден удар на нивните и така разнишани психисчки состојби.
Зрачењата ги поминавме, мајка ми беше не препознатлива, како психички така и физички. Доаѓа момент на второ снимање на комјутер, пак нема термини, нема во близина болница која би ја снимила со припритетен упат и повторно замоливме во Охрид, најкултурно и без никакви ургенции не примија, но овој пат многу тешко беше патувањето.

Доаѓа моментот на лекување со цитостатска терапија, прими две терапии и терапија Capacetabine ТРИ ЦЕЛИ НЕДЕЛИ нема на Онкологија, ниту пак знаеа кога ќе стигни. Секој ден со терапија значи живот плус, а секој изгубен ден без терапија, ден минус. Мајка ми уште повеќе западна психички. Побаравме приватна психијатриска помош, но доцнењето на терапијата си го правеше своето. Секое одење на Одд.Онкологија, мајка ми се враќаше растревожена, затоа што онкологот не е расположен многу за да го сослуша пациентот, нема разбирање и утешни зборпви кога ќе побара помош и насоки во лекувањето.

Мајка ми ќе речеше што и да прашаш секогаш истиот одговор: ако треба ќе ти се кажи, не си ти таа што треба да прашуваш ако треба јас ќе те прашам. Кога ќе прашаше за исхраната никогаш не доби соодветен одгпвор, се снаоѓавме по нитриционисти, по луѓе кои поминиваат низ истото.
За жал не дочека последна контрола, за која и сама велеше: што ќе ми кажат, тие не ќе ме излечат, сите исти се.

Само во нашата држава РАКОТ Е БОЛЕСТ ОД КОЈА ЗА КРАТКО СЕ УМИРА, а во сите напредни земји, па и да не одиме подалеку пример во Хрватска, докторите им велат на пациентите РАКОТ Е БОЛЕСТ КОЈА СЕ ЛЕКУВА И СО КОЈА СЕ ЖИВЕЕ.

Од ниту еден тукашен пациент немам слушнато дека добил такпв одговор од доктор онколог.
Сакам да имав зачуваан документација, но од револт се исфрливме кога почина мајка ми. Не дочека да помине ни една година од операцијата.