Не стивнуваат реакциите за Онкологија: Да си во бел мантил, а ја украдеш последната надеж во одбројаните денови

 

„Онкологија“ и натаму во фокусот на јавноста. Пациентите во шок од истрагата која покажа навистина нечовечен третман на дел од вработените на Клиниката за онкологија и радиологија во Скопје. 

- Што правеле ФЗОМ и МЗ толку години додека директорот на Онкологија правел милионски злоупотреби. Имаат тон инспекции. Или биле поврзани или сè неписмени па не знаат што да контролираат, праша Стојка Накевска која е медицинско лице на една од скопските клиники. 

„Белчите мантили“ се на удар, но доктор Ненад Лазаров повика „да не се ставаат сите во ист кош“. 

- Грозно е ова на онкологија што се случувало. И верувам дека секој еден во бел мантил деновиве има горчлив вкус во устата особено зошто сите медицинари деновиве се предмет на незаслужени напади и навреди по интернетов. А проблемот има име и презиме, и има и други активни истраги, ова не е се. Поголемиот дел од здравстврните работници чесно си ја работат работата, а се константно демотивирани од секој аспект, ова треба итно да се промени зошто се помалку ЛУЃЕ сакаат да ја работат оваа работа, порача Лазаров на својот фејсбук профил.

Доктор Нико Беќаровски, исто така, објави став за случајот „Онкологија“. 

30.000.000 МЕТАСТАЗА во Установата каде требаше да се лечат метастази, напиша тој во својот стил.

- Постои една невкусна шега, вели не е страмота да крадеш страмота е да те фатат ... Но, колку треба да е човекот не човек, па да ја украдеш последната надеж во одбројаните денови, и би проширил тарифи за одредени операции, вели еден револтиран пациент.