Лишени од слобода познати криминалци од Скопје

СВР Скопје постапувајќи по судска наредба лиши од слобода четворица скопјани, сторители на тешки кривична дела, информираат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден Секторот за внатрешни работи од Скопје ги лиши од слобода лицата Н.Д.(21), Е.Ј.(25), А.С.(40), Н.С.(28).

Првиот од нив е лишен од слобода за сторено кривично дело учество во тепачка, вториот и третиот за тешки кражби, а четвртиот за кривично дел криумчарење мигранти.

Приведените лица се спроведени во КПУ Идризово за издржување на затворскатa казна.